- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Британските здравствени работници предупредуваат: Исцрпени сме, расте притисокот на болниците

Британските здравствени работници - Работник
428views

Главниот британски синдикат на медицински сестри предупредил дека медицинарите се доведени до точка на пукање поради исцрпеноста и растечкиот број на заразени меѓу медицинскиот персонал.

Патриција Маркис, една од лидерите на синдикатот Royal College of Nursing, рекла дека ситуацијата за следните неколку недели изгледа „многу тмурно“, со оглед на тоа дека болниците се погодени од се поголемото отсуство поради заболувања и самоизолација.

„Медицинските сестри на многу места веќе сега се под огромен стрес и притисок, поради заразувањето од ковид, но и психичка и физичка исцрпеност. Сите се прашуваме: „О боже, што уште не чека?“, рекла Маркис, пренесува АП.

Дали ќе се воведат построги мерки?

Премиерот Борис Џонсон повеќе пати ветил дека нема да се повтори минатогодишниот Божиќ, чие расположение било нарушено со локдаунот, но сега го чека тежок избор – да ги отежни празнувањата на милиони луѓе или да се соочи со уште еден голем бран на заболени од ковид.

Многу влади во Европа и САД имаат ист проблем. Имено, за сега се‘ уште не е познато какво влијание ќе има сојот омикрон врз заедницата. Овој нов сој изгледа побрзо се шири од делта сојот, но прелиминарните податоци покажуваат дека би можел да има многу полесни симптоми. Од друга страна, веројатно многу подобро ја избегнува заштитата која ја нудат вакцините.

Што значи, дури и да предизвикува помали компликации од делта сојот, омикрон и понатаму би можел да ги преплавува здравствените системи поради големиот број на заразени.

Владата на Џонсон претходно овој месец повторно вовела задолжително носење на маски за лице во продавниците и одредила пред влегувањето во ноќни клубови или некои други објекти во кои се наоѓаат поголем број на луѓе, да биде потребна потврда за вакцинација или негативен тест. Но, многу научници сметаат дека се потребни построги мерки.

Кафетериите се затвораат бидејќи вработените се на боледување или во изолација

Поради брзото ширење на омикрон, многу места во Британија се празни или се затвораат. Некои ресторани и кафетерии ги затвориле своите врати бидејќи голем дел од нивните вработени се на боледување или во самоизолација. Музејот на природни науки во Лондон вчера соопштил дека се затвора на една недела поради “недостиг на работници“.

Британското здружение на доктори предупредило дека до Божиќ речиси 50,000 доктори, медицински сестри и останат персонал може да се заразат со ковид доколку не се воведат дополнителни мерки.

 Извор: Index