- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бројот на вработени во Скопје ист гејт и Нептун Македонија расте

Бројот на вработени - Работник
152views

Скопје ист гејт и Нептун Македонија, како дел од Балфин групацијата заедно вработуваат повеќе од 500 лица и оваа бројка ќе расте.

Групацијата Балфин, една од најзначајните инвестициски групации во регионот, присутна во Македонија преку две исклучително значајни компании – Скопје ист гејт и Нептун – имаше успешна година дури и во тешките услови што ги наметна пандемијата на ковид-19. Компаниите и групацијата во целост се вратија во нормално темпо набрзо по пролетните затворања, ги задржаа своите вработени, дури овозможија и нови вработувања. И најважно, обезбедија стабилност и сигурност за вработените, како и за своите партнери.

„Минатата година, со сета своја тежина, ни даде можност да ги тестираме нашите капацитети и флексибилноста и да сфатиме дека нашата компанија е подвижен ентитет со лојални и посветени вработени. Во последните месеци се усовршувавме на полето на грижата за корисници и се обидовме подобро да ги разбереме потребите на нашите потрошувачи и да ги задоволуваме нивните потреби побрзо и подобро од претходно. Многу од нашите услуги ги префрливме на дигиталните канали, во согласност со условите што ги наметна ковид 19, па онлајн-продажбата бележи сериозен раст и ќе продолжи да се унапредува бидејќи е важен сегмент од нашата севкупна продажба. Пандемијата создаде нови начини на однесување и многу млади луѓе се насочуваат кон онлајн-купување. Ние сме подготвени да го прифатиме предизвикот и да им обезбедиме врвно купувачко искуство и поддршка на потрошувачите“, вели Никола Митревски, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“.

Повеќе на Мкд.мк