- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бројот на невработени во март во споредба со февруари намален – Дали нашле работа или престанале да се пријавуваат во АВРМ?

Лицата без основно и со основно образование - Работник
171views

Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени во март изнесува 145,327 граѓани. Минатиот месец во феруари регистирани се 159,608, со што бројот на невработени во март се намалил за 9,36 %. 

Имено, прегледот на Агенцијата за вработување за невработени лица и прилив и одлив на невработени лица покажува дека во март месец прилив на лица кои стекнале статус на невработени во периодот од 1 до 31 март изнесува 7561 лица, од кои 2,747 биле без основно образование и со основно образование, со непотполно средно образование 688; со завршено средно образование 3,099 и со високо образование 886 лица. 

Advertisement

Во табелата е вметната и група на лица кои за првпат се евидентирале во Агенцијата за вработување кои вкупно се 1,277 лица. Од нив 468 се без образование и со основно образование, 19 имале непотполно средно образование, 614 биле со завршено средно образование и 158 со високо образование.

Бројот на лица во март месец коишто се евидентирале во Агенцијата по завршувањето на работниот однос, независно кога истиот им престанал, изнесува 3,775. Од оваа бројка, 1064 се без образование и со основно образование, 458 со непотполно средно образование, 1,667 со завршено образование, додека со виско образование 503 лица.

Advertisement
Advertisement

Табелата покажува дека има зголемен одлив на лица кои престанале да се водат во евиденцијата на невработени за месец март и тој изнесува 21,842. Од нив 8,661 се без образование или со основно образование, 2,125 се со непотполно средно образование, 8,128 се со завршено средно образование, додека 2,538 се со високо образование. 

Ова се само некои од параметрите коишто се прикажани во табелата. Во продолжение ви ја пренесуваме целосната табела за преглед на невработени лица од 1 до 31 март 2021 година:

Бобан Илијевски

 

 

Advertisement