НовостиСветот на работникот

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор

   Време за читање 1 минута

Во основа, прекувремната работа се плаќа во пари, известува Бременската работничка комора. Но, преку договорот за вработување или колективниот договор, може да се одреди компензација на прекувремената работа со слободни денови.

Според експертите, би било добро да се погледне соодветниот договор кој го имате со работодавачот.

Дали се дозволени договори за работа кои пропишуваат целата прекувремена работа да се исплатува со платата?

Ако договорот за работа предвидува пропис според кој прекувремената работа или дел од неа веќе се исплаќа со фиксната плата, велат од Бременската комора на вработени, тогаш вреди да се провери договорот.

Со оглед на тоа дека таквите прописи често „или не се формулирани јасно и на нетранспарентен начин или го ставаат работникот во понеповолна позиција“, се вели. Тоа зависи од случај до случај.

Дали постои право на бонуси за прекувремена работа?

Во случај прекувремената работа да се плаќа со пари, обично се применува договорената саатнина. „Имате право на додатоци за прекувремена работа само ако постои таква одредба во договорот за вработување или колективниот договор“, нагласува Работничката комора на Бремен.

Треба ли да ви се плати прекувремената работа или можете да земете слободни денови?

„Ако во компанијата постои пропис кој ги дозволува обете, тоа е прашање на личен избор“, велат експертите.

Многу работници би одбрале плаќање на прекувремената работа, „особено ако се договорени бонуси“.

Меѓутоа, поголемиот месечен бруто приход „автоматски доведува до поголем оданочлив доход“, истакнуваат експертите. Од друга страна, дополнителниот слободен ден практично е „неоданочлив“.

Извор: Feniks Magazin/Blic.rs