Наука

Вештачката интелигенција наскоро би можела да открие од нашиот глас од што страдаме

Вештачката интелигенција наскоро би можела да открие од нашиот глас од што страдаме - Работник
196views

СИТЕ добро знаеме каков е гласот на особата со тешка настинка. Но, дали би препознале како изгледа едно лице кое страда од Паркинсонова болест? Или карцином? Веројатно не, но научниците веруваат дека алгоритмите и вештачката интелигенција наскоро ќе можат да откријат знаци на болест од нечиј глас.

Техниката може да биде корисна дури и во случај на коронавирус

„Ако имаме проблеми со белите дробови или срцето, тоа се одразува и на нашиот глас“

„Секој наш внатрешен орган е еден вид резонатор, така што ако имаме проблеми со белите дробови или срцето, тоа се одразува и на нашиот глас“, вели Giovanni Saggio, професор по електронски инженеринг на Римскиот универзитет во Тор Вергата.

„Како звучи нашиот глас зависи од главниот проводник, мозокот. Значи, ако имате церебрален проблем, како што е Алцхајмеровата болест или Паркинсоновата болест, вашиот глас ќе се промени и ние можеме да го откриеме тоа“, рече тој.

Бидејќи новиот коронавирус ги загрозува белите дробови и дишните патишта, тоа секако влијае на гласот, што значи дека ковид-19 би можел да се открие со истиот метод, забележува Saggio, додавајќи дека повеќе од 150 научни трудови се објавени ширум светот за поврзаноста помеѓу промена на гласот и разна патологија.

На универзитетот Хумболт во Германија, тие велат дека „можат да создадат алгоритми кои детектираат емоционална и физичка состојба само врз основа на податоци, особено од човечки глас“.

Научниците од универзитетот во Вашингтон објавија студија во списанието „Nature“ за тоа како уредите како Амазон Алекс можат успешно да го препознаат променетиот глас што често му претходи на срцев удар.

Вештачката интелегенција успешно го препозна гласот на оние кои страдаат од Паркинсонова болест

Користејќи ја технологијата што самиот ја дизајнирал и патентирал, Saggio испитал 284 лица со Паркинсонова болест и дополнителни 28 лица за контола. Секоја личност ја снимила истата кратка реченица. Кога ги анализирал гласовите, односно разликите во акустичните параметри, тој можел точно да ги идентификува 95 проценти од пациентите со Паркинсонова болест.

„Секој човечки глас има 6.300 параметри, а човечкото уво, со исклучок на обичната настинка, не може да ги разликува. Но, вештачката интелигенција може“, објасни тој.

Saggio е во оваа научна област веќе десет години. Тој сега има 55 години и се надева дека алгоритмите и вештачката интелигенција ќе бидат во поширока примена пред да замине во пензија. Во прашање се само неколку години“, кажува е италијанскиот научник.

Извор: Index.hr