Светот на работникот

(Видео) Директор ги наградил вработените со вкупно 10 милиони долари

   Време за читање 2 минути
Кога сопственик на агенција за недвижности од Мериленд, САД на вработените во неговата фирма во текот на годишната прослава им предал црвени коверти, никој не знаел што може да се очекува.
1 1
Откако 198 – те работници на компанијата Ст. Џон Пропертис ги отвориле поклоните, настанал шок. Секој од нив добил бонус во вредност во просек од 50,000 долари. Вкупната вредност на бонусот изнесувала околу 10 милиони долари.

„Кога го отворив пликот, не можев да поверувам“, рекла Стефани Риџвеј, асистен проект менаџер. „Не можев да им поверувам на очите. Немам зборови со кои би опишала како се чувствував, само знам дека беше преубаво и неверојатно. Сеуште сум во шок. Ова дефинитивно ќе ги промени нашите животи“.
Директорот на компанијата, Лоренс Мејкрантз изјавил дека ја достигнале најголемата цел во нивното работење и поради тоа сакале да направат нешто за да на вистински начин им се заблагодарат на своите вработени.
2
„Сакавме да биде нешто големо“, рекол тој.
Секој работник примил награда во согласност со бројот на години кои ги поминал во фирмата. Најмалиот бонус бил 100 долари, а го примил работник кој бил скоро ангажиран и сеуште не почнал да работи. Најголемиот бонус изнесувал 270,000 долари.
„Тоа беше еден од најубавите моменти на коишто сум сведочел. Сите беа преплавени со емоции. Вриштеа, плачеа, се смееја и се прегрнуваа“, раскажал Мејкрантз. „ Се наредија да не прегрнат, бакнат, да се ракуваат со нас и да ни раскажат во што ќе ги вложат своите бонуси. Сега веќе немаат кредити, ги отплатија долговите на картичките, студентските кредити…“.
4
Компанијата Ст. Џон Пропертис има девет филијали, а за потребите на годишното собирање ги платиле сите трошоци за летовите, сместувањето и забавата за сите вработени.
„Многу сме горди на нашите вработени. Тие се темелот на успехот на нашата компанија и ние сакавме да им изразиме голема благодарност. Мислам дека успеавме во тоа“, порачал Мејкрантз.