(ВИДЕО) Еве што ви е потребно за да станете ФРИЛЕНСЕР
Бобан Илијевски
Еден од начините за да работите флексибилно е да бидете фриленсер. Како што веќе претходно напоменавме, постојат голем број на дигитални платформи коишто нудат можност да работите што сакате, кога сакате и колку сакате и притоа да не морате да излезете од вашиот дом. Одлична идеја, нели? Речиси секој би сакал да ја има таа можност да работи кога најмногу му одговара, односно кога се чувствува дека може да биде најмногу продуктивен.
Порталот Работник пред една недела направи интервју со фриленсерот Стефан Савевски, со кого разговаравме на повеќе прашања поврзани со овој начин на работа. Меѓу другото, Савевски рече дека започнал да работи за 5 долари на час, а сега работи за 50 долари, а и зборуваше за проблемите со коишто се соочил работејќи преку дигиталната платформа Upwork.
Тој на крајот на видеото даде неколку совети за оние коишто сакаат да работат како фриленсери преку дигиталните платформи кои овозможуваат да работите за работодавачи од целиот свет. Во прилог следува едноминутно видео – исечок од интервјуто кое Порталот Работник го направи со Стефан Савевски.
Фото: Freepik

