Светот на работникотСиндикат

Видео конференција помеѓу Спасовски и МПС

ДОГОВОРЕНА ИСПЛАТАТА НА ЗАОСТАНАТИТЕ БОНУС ПЛАТИ ЗА 2017 И 2018 ГОДИНА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР
Почитувани денес претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и генералниот секретар имаа on line работна средба со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на која учествуваа и членови на кабинетот на Министерот.
На средбата министерот Спасовски не информираше дека во наредниот период ќе биде исплатена бонус плата за вработените во МВР за три години при што не увери дека со буџетот на МВР се обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2020 година која ќе се исплати во текот на 2021 година..Исто така не информираше дека во месец декември 2020 година ќе се исплати бонус плата за 2017, а најдоцна до март 2021 за 2018 година.
На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените.
Напоменуваме, бонус плата ќе добијат вработените во МВР кои немаат покренато судска постапка за бонус плата за 2017 и 2018 година против МВР. Исто така после месец Март 2021 сите вработени кои оствариле право за исплата на бонус плата за 2020 година согласно КД на МВР ќе добијат по една просечна месечна плата.
Министерот извести дека во текот на 2021 година сите полициски службеници конечно ќе добијат комплет летна и зимска униформа( летни и есенски чевли, чизми, јакни, кошули, панталони и тн) како и дека се обезбедени средства за лична хигиена и лична заштита од Covid 19.
Во постапка се да се завршат објектите кои се реновираат и започнува постапка за иградба на две нови полициски станици и тоа ПС Аеродром и ПС Бутел, како и дека деновие пристигнуваат пловни објекти за езерската полиција.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев
 

ДОГОВОРЕНА ИСПЛАТАТА НА ЗАОСТАНАТИТЕ БОНУС ПЛАТИ ЗА 2017 И 2018 ГОДИНА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР

Почитувани денес…

Posted by Македонски полициски синдикат on Thursday, November 26, 2020