- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

(ВИДЕО) Илјадници работници загубија работно место во приватниот сектор, а државата вработува нови административци

Прометот во индустријата - Работник
296views

Министерства, државни комисии, агенции, општини, училишта распишуваат огласи за нови вработувања. На сајтот на Агенцијата за администрација само оваа недела објавени се над триесет нови огласи за работа во државните институции. Платите се движат од 15.000, најниската па до 50.000 денари.

Меѓу тие што имаат најмногу отворени огласи е Министерството за финансии со 8 огласи, потоа транспорт и труд и социјала имаат по 3 односно 2 огласи. Пет огласи, но и најголеми плати од над 40.000 денари има за позициите во Регулаторната комисија за енергетика.

Од општините најмногу административци има потреба во општина Струга, дури 8, следи скопски центар со нови 6 позиции, Гевгелија 5….

И додека администрацијата се полни, приватниот сектор заради корона кризата отпушта работници. Од март кога почна кризата до ноември, согласно податоците на Агенцијата за вработување без работа како директна последица од Ковид 19 останале 16.381 лице. Вкупниот број на невработени пак, од март досега е зголемен за 47.486 лица.

За овие луѓе не помогна ни државната поддршка за зачувување на работните места. Според анкетите на бизнисмените, над 80% од приватните фирми во земјава чувствуваат последици од кризата, а под ризик се дури 40.000 работни места до надминувањето на состојбата. Најмногу отпуштања има во угостителско – туристичкиот сектор како и во преработувачката индустрија.

 

Видео: Сител

Извор: Банкометар