МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) КСС ќе побара преиспитување на репрезентативноста на ОРМ и ССМ

   Време за читање 1 минута

Бобан Илијевски

Снимател: Горан Андреевски 

На денешната седница го прашавме Претседателот на Владата зошто не најдоа за сходно овие 15 дена да не повикаат, туку ни одговорија со едно банално писмо дека ги разбираат нашите барања и дека ќе не викнат кога ќе се релаксира состојбата со Ковид – 19, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски. 

Истакна дека изговорот за тоа што Владата не сака да има средба со КСС е репрезентативноста на синдикатот која, како што рече, две години се чува во фиоките во Министерството за труд и социјална политика, истакнувајќи дека поднеле тужба до надлежен суд, за да го добие тоа право, што институциите на системот не го даваат. 

Тој нагласи дека КСС ќе поднесе барање да се преиспита репрезентативноста на Организацијата на работодавачи на Македонија, бидејќи имаат докази дека репрезентативноста ја добиле преку Законот за општа управна постапка, наместо преку Законот за работни односи, пред шест месеци, иако барањето на КСС било доставено година и пол пред нивното, како и дека ќе поднесе барање за преиспитување на репрезентативноста на Сојузот на синдикатите на Македонија, бидејќи имаат докази дека немаат доволно членови за да бидат репрезентативни.

Тој подвлече дека со ова ќе се докаже дека Економско – Социјалниот совет е само формален.