- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Наставник тепа ученик во основно училиште во Бутел

961views

Му удира шлаканици, го крева со двете раце и го спушта на земја… Наставник физички малтретира ученик пред другите деца. Инцидентот се случил вчера во ОУ “Панајот Гиновски” во скопската општина Бутел. Видеото снимено најверојатно од соученик на седмооделенецот вчера попладне беше објавено на социјалната мрежа Тик Ток. Наставникот долги години предавал Англиски јазик во оваа училиште. Директорката Ќамуран Реџа за Сител вели дека и таа го видела видеото во попладневните часови кога се вратила од работа , се вознемирила и веднаш се јавила во МВР. Ги побарала и родителите на детето. Таткото бил во странство и ја информирала мајката за немилиот настан.

Директорката во телефонски разговор потврди дека случајот го пријавила во полиција. Рече дека не дозволува насилство во училиштето. Согласно законот таа не може да одлучува за евентуална санкција, но рече дека во најскоро време наставникот ќе го даде на дисциплинска комисија.

Фото: Скриншот

Од МВР велат дека директорката вчера случајот го пријавила преку телефон. Очекуваат во текот на денот да дојде во полициската станица Бутел да се направи записник за да може полициските службеници да постапат согасно нивните надлежности.

Од министертсвото за образование информираа дека за инцидентот во Панајот Гиновски бил информиран и државниот просветен инспекторат од каде во понеделник ќе одат во училиштето за да испитаат зошто наставникот физички го малтрал ученикот.

Линк до видеото: https://republika.mk/vesti/skopje/nastavnik-tepa-uchenik-vo-osnovno-uchilishte-vo-butel/

Извор: Сител