ПравдаСветот на работникот

Крвава драма пред Општина Бутел: Вработен прободен со нож од неговиот брат

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР соопштуваат дека во 07.52ч. во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ.Т. (52) од Скопје.

Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на ИМП е пренесен во Ургентен центар – Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.