МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Неделков: К-15 треба да добијат сите вработени во јавниот сектор

Бобан Илијевски

Ние уште во 2019 година реагиравме во однос на потпишувањето на Колективниот договор со такви одредби. Да не се разбереме погрешно немаме ништо против подигнувањето на правата на работнциите во јавната и државната управа, меѓутоа цениме дека прашањата коишто се од заеднички интерес на сите од јавниот сектор, се регулирани во Општиот Колективен договор за јавниот сектор, рече Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СОНК за исплатата на регресот за годишен одмор на некои од администравиците.

Тој посочи дека сето ова испаѓа дека државата за некои е мајка, а за некои маќеа, односно за тие коишто ќе земат К-15 е мајка, а за оние кои нема да земат, како вработените во образованието, науката, културата здравството, полицијата и армијата е маќеа. 

Истакна дека испаѓа дека овие сектори не се важни и дека имаат толку големи плати, што можат самите да си дозволат годишен одмор.

Наведе дека потребно е да се отвори Општиот Колективен договор за јавниот сектор и да се регулираат прашањата во истиот.