МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) Ралповски: Дискриминирачки е само 20,000 од 55,000 вработени да добијат К-15

   Време за читање 1 минута

Бобан Илијевски

Потпишувањето на новиот грански колективен договор во јавната администрација е незаконски, од причина што едниот дел важи за 55,000 административци, а другиот дел само за 20,000, со што е и дискриминирачки, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски на вчерашната прес – конференција.

Тој истакна дека доколку овој колективен договор би завршил пред Уставен суд, голема е веројатноста тој да биде поништен.

Во однос на функционалната анализа тој рече дека прво било кажано дека таа ќе се прави со методологија преку европски проект, финансирана со европски пари, но пред еден месец Владата донесе одлука дека некои од институциите функционалата анализа ќе ја прават преку анкетни листови.

„Со анкетните листови кои се даваат во рацете на директорите на институциите за тие да ги пополнат кое е вишок работно место, а кое не е, самите проценете дали е тоа политички притисок или нешто што се случува пред избори. Одредени синдикални организации за свои лични профити го премолчуваат ова, што за нас е секако неприфатливо и остро ке се спротивставиме на ваквите дејствија“, рече Ралповски.

Прашан за новиот Закон за работни односи, тој рече дека законот требало да се донесе во 2018 година, па потоа во 2019 година, но тој сеуште не е донесен, што само по себе ја покажува несериозноста на тие коишто треба да го донесат овој закон.