Не сакале да му дадат поголем бoнус, го отпуштиле па се зезнале на суд: Сега мораат да му исплатат 4 пати повеќе
Успешниот финансиски раководител, Ендрју Блајт, добил отказ откако се побунил околу износот на својот годишен бонус. Правдата ја побарал на суд, а сега неговиот директор мора да му плати четирикратно повеќе од она што првобитно требало да биде додатокот на Ендрју.
Ендеју годишно заработувал 120.000 фунти, а прогласен е како технолошки вишок откако на сопственикот на компанијата му порачал дека бонусот од 30.000 фунти не е „праведен“, пренесува Daily Mail.
Претседателот и директор на компанијата „Clockwork“, успешна фирма за преселби, го отстранил Блајт од позицијата под изговор дека има фиктивен вишок на вработени.
Дури и пребарувал низ интернет за „легитимни причини за отпуштање на директорот поради вишок на вработени“ она утро пред да му даде отказ на Блајт.
Пред трибуналот за работни спорови во Единбург цо Шкотска, Блјат сега добил 118.223 фунти на име отшета поради незаконско отпуштање.
Судијата пресудил дека Блајт бил неправедно осуден оти Морисон делувал во „лоша верба“ обидувајќи се да го „прикаже отказот како вишок на вработување“ кога бил изнервиран поради неговиот обид повторно да преговара за бонусот.
Било одлучено дека компанијата треба да исплати 118.223 фунти на име на отшета за да се надоместат неговите финансиски загуби во текот на периодот на невработеност, како и идните загуби.
Блајт се вработил во 2026 година, но сега заработува помалку од претходно.
Извор: Telegraf Biznis

