МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Ралповски: По најавениот протест, Пртседателот на Синдикатот на полицијата беше распореден од работното место

   Време за читање помалку од минута

Бобан Илијевски

Снимател: Горан Андреевски

На денешната прес – конференција, Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати рече дека поради тоа што Синдикатот на полицијата во Македонија, грански синдикат на КСС, најавил протест, Престседателот на синдикатот Орце Коцевски, бил распореден по вторпат од неговото работно место. 

Тој посочи дека денеска на свечената седница на Економско – социјалниот совет каде што присуствуваше и Премиерот Зоран Заев, се изнаслушале дека социјалниот дијалог е клучен, особено трипартитниот, оттаму потенцирајќи дека не знаеле за каков социјален дијалог разговарале.

Тој се осврна и на Светскиот ден за заштита при работа којшто беше вчера (28 април) и посочи дека нема да отсапат од барањето за 100 % плата за заболените од Ковид – 19.