ПравдаСветот на работникот

Во УЈП недостигаат кадри – ќе се примат 101 „рамковен“

„Во моментот подготвуваме решенија за распоредување во различни одделенија и во различни сектори бидејќи ние имаме недостаток на кадар“, изјави вои „Утрински брифинг“ директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска одговарајќи на прашање каде 101 „рамковни“ вработени ќе се сместат во УЈП.

„Имаме многу процеси, имаме пензионери, имаме колеги кои ја напуштија Управата, порано имало и поголем број на инспектори… така да очекуваме дека ќе дадеме шанса на тие наши 101 нови колеги да придонесат во приказната за Управата за јавни приходи“, вели Лукаревскја.

На видеото по 16-та минута.