Пет начини на кој работата влијаела на менталното здравје на вработените во 2025 година
Стравот од губењето на работата, забрзаниот развој на вештачката интелигенција и токсичните работни средини ја обележале годината за вработените ширум светот. Истовремено, се’ повеќе луѓе започнале да го ставаат менталното здравје пред кариерата и трката за деловен успех.
Речиси да нема вработен кој во текот на кариерата не се соочил со некој облик на стрес, притисок или проблеми кои влијаат на менталното здравје. Во текот на 2025 година ситуацијата за многумина станала уште покомплицирана.
Брзиот развој на вештачката интелигенција, брановите на масовни откази и економската и политичка неизвесност го промениле начинот на кој луѓето ја доживуваат работата. Многу вработени се чувствувале исцрпено, загрижено и несигурно во врска со својата иднина.
Истовремено, се’ повеќе се зборувало за важноста на менталното здравје на работното место. Вработените започнале поотворено да бараат флексибилност, поддршка и поздраво работно опкружување.
Ова се петте трендови кои во текот на 2025 година особено влијаеле на менталното здравје на вработените.
1. Стравот од отказ станал секојдневие
Една од главните приказни на пазарот на труд во текот на 2025 година беа масовните откази. Повеќе од 1,1 милион Американци останале без работа, додека реалните бројки можеби се и поголеми.
Посебно биле погодени државниот сектор и технолошката индустрија, но отказите не ги заобиколиле ниту другите дејности. Бројот на отпуштања бил најголем од 2020 година.
Таквата атмосфера остава последици и на вработените кои не добиле отказ. Постојаната неизвесност и прашањето „Кој е следен?“ создаваат дополнителен стрес, влијаат на мотиваијата и им отежнуваат на луѓето да се чувствуваат сигурно на своето работно место.
Губењето на работата е еден од најстресните животни настани, а долготрајната несигурност може да влијае и на физичкото здравје. Повеќе од третина од лидерите наведуваат дека се чувствуваат ментално неподготвени за водење на тимовите во вакво опкружување.
Затоа една од важните задачи на компаниите во наредниот период ќе биде начинот на кој ги комуницираат промените и отказите, но и како ги поддржуваат вработените кои остануваат во оргаанизацијата.
2. ВИ донел нов вид на притисок
Вештачката интелигенција во текот на 2025 година од експериментална технологија станала дел од секојдневната работа. Според податоците на компанијата McKinsey, ВИ се користи во дури 88 % од компаниите.
За вработените тоа значи дека начинот на работа брзо се менува. Многумина имаат чувство дека не успеваат да го следат темпото на промена и дека нивните вештини наскоро ќе бидат застарени.
Истражувањето на LinkedIn покажало дека 40 % од вработените сметаат дека не можат да ја следат брзината на развојот на вештачката интелигенција.
ВИ донел и нов вид на прашања: дали технологијата ќе замени одредени работни места, колку брзо ќе се променат работните места и што вработените мораат да научат за да останат конкурентни?
Истовремено, ВИ отворил простор за учење на нови вештини и поинаква организација на работата. Технологијата се користи и за поддршка на менталното здравје, што предизвикало дополнителни дебати. Една третина од припадниците на генерацијата З наведува дека своите проблеми повеќе би ги споделиле со чатбот отколку со друга личност.
3. Емоционалната интелигенција станала поважна од претходно
Во годината обележана од економска неизвесност, политички тензии и технолошки промени, емоционалната интелигенција добила уште поголемо значење на работното место.
Способноста да ги разбереме сопствените емоции, да препознаеме како се чувствуваат луѓето околу нас и конструктивно да реагираме на стресот станала важна вештина, особено за менаџерите и лидерите.
Начинот на кој лидерот комуницира со вработените може значајно да влијае на атмосферата во тимот. Емпатијата, самосвеста и способноста на регулирање на емоциите можат да им помогнат на вработените полесно да поминат низ стресните периоди и промени.
Поради тоа, емоционалната интелигенција се’ повеќе престанува да биде само „мека вештина“ и станува дел од доброто лидерство.
4. Токсичните работни места не исчезнале
Додека се’ повеќе се зборува за менталното здравје, голем број на вработени и понатаму работат во опкружувања кои дополнително им го отежнуваат секојдневието.
Според истражувањето на компанијата Monster, дури 80 % од вработените рекле дека нивното работно место е токсично, што е значаен раст во однос на претходната година кога процентот изнесувал 64.
Масовните откази кои се соопштуваат преку мејл или по пат на видеоповик, се’ подолгото работното време и притисокот вработените постојано да бидат достапни се некои од проблемите.
Во поединечни компании работната недела се’ повеќе ги преминува границите на класичното работно време, додека од вработените се очекува да бидат продуктивни речиси без прекин.
Проблемот не е само во поединците. На културата на компанијата силно влијаат и начинот на управување, однесувањето на лидерот и правилата кои организацијата ги поставува.
Затоа одговорноста не може да се префрли само на вработените и нивната способност да се „носат со стресот“. Компаниите мораат да создадат опкружување во кое е можно да се работи без постојано чувство на притисок и страв.
5. Вработените се’ повеќе избираат благосостојба отколку кариера по секоја цена
Промените во светот на работата довеле и до поинаков однос кон кариерата. Се’ повеќе вработени започнуваат да ја преиспитуваат идејата дека постојаното напредување и поголемата плата се единственото мерило на професионалниот успех.
Многуми ја отфрлуваат културата во која прекувремената работа, постојаната зафатеност и исцрпеноста се претставени како доказ за амбициозноста.
Генерацијата З се’ почето се насочува кон самостојна работа и дополнителни ангажмани, додека дел од вработените не сакаат да се качуваат по корпоративната скала по секоја цена.
Флексибилноста, исто така, станала важен критериум. Се’ повеќе луѓе се подготвени да ја променат работата доколку работодавачот не дозволува хибридна или работа на далечина.
Истовремено, компаниите се’ повеќе нудат различни облици на поддршка на менталното здравје, вклучувајќи терапија и други бенефити. Ресте и интересот за невроинклузивни работни места, како и за создавање на опкружување во кое вработените се чувствуваат прифатено.
Што не чека во 2026 година?
Промените на пазарот на труд нема да забават. Вештачката интелигенција ќе продолжи да го менува начинот на кој работиме, компаниите и понатаму ќе мораат да го прилагодуваат бројот на вработени, а прашањето на рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот ќе останат едно од клучните.
За вработените тоа значи дека способноста за прилагодување ќе биде важна, но не и доволна.
Компаниите кои сакат да ги задржат добрите луѓе ќе мораат да понудат повеќе од плата и титула. Поддршка, флексибилност, здрава комуникацја и работна средина која не го загрозуваат менаталното здравје стануваат се’ поважен дел од понудата на работодавачот.
После годината во која вработените почвстувале колку брзо работата може да се промени, се чини дека се менува и прашањето кое го поставуваат кога избираат кариера. Повеќе не е само „Колку можам да напредувам?“, туку и „Дали овде можам долгорочно да бидам добро?“.
Извор: BIZLife.rs

