Повеќе од половина од вработените веќе користат ВИ – некои благодарение на неа заштедуваат и повеќе од четири часа работа
Вештачката интелигенција (ВИ) се’ побрзо станува дел од секојдневниот работен ден, а повеќе од половина од вработените во САД веќе ја користат за различни деловни задачи
Ново истражување покажува дека ВИ на работниците најчесто им помага во пребарување на информации, пишување, генерирање на идеи и обработка на содржина, додека дел од вработените благодарение на оваа технологија заштедуваат и неколку часа неделно.
Според податоците на американското Census Bureau, околу 56 % од вработените навеле дека користеле вештачка интелигенција за најмалку една од 11 работни задачи опфатени со истражувањето спроведено во март 2026 година.
Податоците дополнително се ревидирани во септември, но Census Bureau-то соопштило дека ревизијата не ги променила заклучоците на истражувањето.
За што вработените најмногу користат ВИ
Најчеста примена на вештачката интелигенција на работното место се однесува на барање на информации и техничка помош. Тоа го навеле 37 % кои користат ВИ. На второ место е пишана комуникација, документации и упатства, како и генерирање на идеи, кои ги навеле 32 % од корисниците
Уште 31 % од вработените ја користат ВИ за толкување, преведување или резимирање на информациите, додека 27 % оваа технологија ја користат за различни административни задачи.
ВИ поретко се користи за кодирање и моделирање, корисничка поддршка и управување со логистика и ланци за снабдување.
На некои им заштедува повеќе од четири часа работа
Еден од интересните резултати на истражувањето се однесува на времето.
Меѓу вработените кои користеле ВИ на работа во текот на претходната недела, 31 % процениле дека вештачката интелигенција им заштедила од еден до два часа работа.
Четвртина навеле дека им заштедила помалку од еден час, додека 15 % рекле дека ВИ им го скратила времето потребно за работа од три до четири часа.
Уште 15 % од вработените процениле дека вештачката интелигенција им заштедела повеќе од четири часа.
Сепак, ВИ не им заштедила време на сите. Околу 10 % од корисниците рекле дека не им заштедила ниеден час, додека четири проценти навеле дека нејзиното користење всушност изискувало дополнително време.
Колку често го користат?
ВИ не е само повремена алатка за поголемиот дел од нејзините корисници.
Околу 24 % од вработените кои користеле ВИ на работа рекле дека ја користеле речиси секој ден во текот на претходната недела.
Уште 46 % ја користеле најмалку еден ден, но не секој ден, додека 31 % не користеле ВИ во текот на претходната недела, иако претходно го користеле за некои од испитаните работни задачи.
Голема разлика според образованието
Употребата на вештачката интелигенција се разликува и според нивото на образование.
Вработените со факултетска диплома или вишо образование почесто ја користат ВИ за различни работни задачи од работниците со пониско ниво на образование.
На пример, 46 % од вработените со факултетска диплома или вишо образование ја користеле ВИ за толкување, преведување или резимирање на информации.
Кај вработените со некое факултетско образование или стручна диплома тој удел изнесувал 25 %, додека меѓу оние со средно училиште или пониско образование процентот изнесувал 15 %.
ВИ се’ повеќе станува дел од работниот ден
Резултатите од истражувањето покажуваат дека вештачката интелигенција на работа за сега најчесто се користи како алатка која ги забрзува поединечните задачи, а не како целосна замена на вработениот.
Најголем дел на употребата се однесува на задачи кои изискуваат пронаоѓање и обработка на информации, пишување, преведување, резимирање, администрација и генерирање на идеи.
Истовремено, фактот дека дел од вработените пријавуваат заштеда од неколку часа покажува зошто ВИ се’ повеќе станува дел од секојдневната организација на работата. Census Bureau-то напоменува дека податоците се однесуваат на вработени во САД и дека истражувањето има вообичаени ограничувања поврзани со земањето примероци и други извори на грешки.

