- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Со рестриктивни мерки се ограничени само угостителите. Во тоа ја гледаме селективноста

Со рестриктивни мерки - Работник
329views

Со оглед на нашите инсистирања за одржување на јавен состанок, каде што би можеле да присуствуваат и медиумите и сите заеднички да седнеме на маса и да продискутираме околу проблемот дали навистина се угостителите оние коишто најмногу ја шират заразата од Ковид – 19 или само неправедно селектирани и казнети со мерки со кои им се ограничува нивната работа и нивната можност за остварување на приходи, рече Здравко Јосифовски, Претседател на Независната угостителска комора на денешната прес – конференција.

„Денеска ја користиме следната мерка со оглед на тоа дека времето до 10 часот истече, покана ниту од Владата ниту од Министерството, ниту во писмена или електронска форма немаме добиено за средба и денеска ја поднесуваме нашата прва иницијатива за оценување на утавноста и законитоста на сите измени и одлуки кои се направени, а со кои е ограничено и селектирано работењето на угостителските објекти“, рече Јосифовски.

Истакна дека ја поднесуваат иницијативата со цел да докажат дека има неправилности и селективна политика која се води кон угостителската индустрија, надевејќи се дека Уставниот суд ќе реагира брзо и дека ќе имаат можност уште наредната недела со времена мерка да го вратат последното работно време, се со цел овогодишните новогодишни празници да ги испратат како што треба.

На новинарско прашње каде ја гледаат селективноста, Јосифовски одговори дека ниедна друга индустрија или занаечија не е опфатен со ваква мерка и е ограничен во своето работење и своето работно време.

„Да не заборавиме. За угостителството се уште важи Законот за угостителска дејност каде е прецизирано работното време, кој во ниеден момент не е суспендиран и тргнат на страна, врз што се носат мерки и се селектираат угостителите да бидат ограничени со условите и начините на работа, особено со работното време“, рече тој.

Повеќе погледнете во видеото: