(ВИДЕО) Хрватскиот синдикат на македонските сезонски работници им обезбедува сигурна и платена работа
Претседателот на Синдикатот за туризам и услуги на Хрватска – СТУХ Едуард Андриќ преку видео обраќање им се обрати на македонските сезонски работници коишто сакаат да работат во Хрватска, а притоа да имаат сигурно работно место каде се почитуваат сите работнички права.
Тој во обраќањето вели:
„Почитувани колешки и колеги, работнички и работници, како долгогодишен претседател на единстениот синдикат којшто во Хрватска исклучиво се бави со дејноста угостителство и услуги, Синдикат за туризам и услуги на Хрватска. Ние констатно преговараме, како на национално ниво, така и на ниво на трговски друштва за платите и другите услови за работа, заштита на постоечките права на работниците и отворање на сигурни и праведни работни места. Членовите на синдикатот имаат право на бесплатна правна заштита, односно застапување пред суд од страна на синдикалните правници за работните спорови. Синдикатот, исто така, се бави со информирање и едукација на синдикалните членови, активисти и членови на синдикатот. И што е најважно, во синдикатот сите сме еднакви, без оглед на националноста, полот или степенот на образование. Со посредство на нашиот синдикат ќе се вработите кај работодавачи кои нема да ги изиграат вашите договорени права, односно кај работодавачи со кои имаме склучено Колективен договор и кои тој Колективен договор го почитуваат. Со зачленувањето во синдикатот, станувате членови на едно големо семејство во кое секогаш ќе имате заштита и ќе добивате одговори на сите ваши прашања, било од мене или моите колешки или колеги вработени во нашиот синдикат. Без оглед на моменталната ситуација со короната, мораме сите заедно да веруваме дека туристичката сезона во 2022 година во Хрватска ќе биде добра и дека ќе работите заедно со хрватските работници. До тогаш, срдечно ве поздравувам и ви посакувам се најдобро“.
