- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Виктимизација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација

Виктимизација - Работник
334views
Виктимизација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација
Вработените кои се соочуваат со дискриминација на работното место треба да пријават кај работодавачот (односно во одделот за човечки ресурси) за ваквото однесување спрема нив. Дискриминација на работно место не е дозволена (освен во случаи определени во предметниот Закон во член 7). Меѓутоа, и покрај тоа што работниците имаат еднакви права на работно место, сепак во практиката се покажува спротивното- ограничување на нивните права по разни основи, вклучително и дискриминација. Иако е забранета дискриминацијата, во последно време се почесто се најавува директно или индиректно условување на вработените за вакцинирање, а со цел да го задржат работното место, иако тоа е право на личн аодлука. Не ретко се случува работник кој се охрабрил да пријави дискриминација на работно место или пак сведочело или учествувало на друг начин во постапка за заштита од дискриминација да стане жртва на дополнително штетно влијание, како што е предвидено во Член 11:
Виктимизација
Виктимизација претставува трпење на штетни последици од страна на лице поради преземање дејства за заштита од дискриминација, односно пријавило дискриминација, почнало постапка за заштита од дискриминација, сведочело во текот на постапката или на друг начин учествувало во постапка за заштита од дискриминација.
Ова не смее да ги обесхрабри вработените да пријавуваат дискриминација, бидејќи е предвидено со Закон и има начини и механизми за истото дејствие да се надмине и тоа во текот на самата постапка за заштита од дискриминација.
Барајте остварување на своите права од работен однос и не дозволувајте да бидете дискриминирани!
Тимот на Јуридика