Висока делегација од EZA ги посети СОНК и САДУ
Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Висока делегација од европската работничка организација – EZA, предводена од Генералниот секретар Sigrid Schraml и соработникот Ljuban Bulić, беа во работна посета на КСС. Имено, нашата конфедерација пред одреден период поднесе апликација за прием во оваа реномирана организација, која нуди помош и поддршка на синдикатите кои за тоа имаат потреба. Во рамките на нивната посета беа посетени две синдикални организации од СОНК и САДУ, каде што претставниците на ЕЗА можеа изворно да се запознаат и слушнат за работата на нашите организации.

