- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Владата не прецизира дали ќе има дополнителни мерки за текстилните конфекции, но вели дека ќе следат уште мерки

Владата не прецизира - Работник
205views

Порталот Работник побара став од Владата на Р.С Македонија околу тоа дали таа ќе преземе дополнителни мерки за овој помош на овој сектор, но и за тоа што ќе биде со работниците кои работат во компании каде истите не ги продоложиле договорите на определено работно време, а со тоа нема да можат да добијат финансиска помош од новиот пакет мерки. 

Од Владата за порталот Работник истакнаа дека зачувувањето на секое работно место во компаниите посебно во време на пандемија е еден од нивните приоритети. Велат затоа и во Законот за финансиска поддршка на работодавачи и специјални вршители на дејност е предвидено дека бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка мора да е ист или поголем од бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници согласно определените услови во Законот.

Посочија дека Владата постојано ја следи ситуацијата и во услови на криза се носат мерки за подобрување на ликвидноста на компаниите, за стимулирање на економската активност, ќе следат уште мерки за никој да не биде изоставен.

Ангел Димитров од Организацијата на Работодавачи на Македонија за порталот Работник пред четири дена  рече дека според информациите што ги има од членките од текстилната индустрија, оние компании кои ќе успеат да добијат финансиска помош, од четвртиот сет на мерки, ќе можат да ги задржат вработените и опстанокот на фирмите, но нагласи дека проблем ќе се јави кај оние компании кои нема да можат да добијат помош, а нај големиот број од таквите компании не ги продолжиле Договорите на определено време со вработените кои истекувале од крајот на август до почетокот на октомври.

„За жал овие компании без финансиска помош ќе бидат принудени да отпуштат дел од вработените, а во прашање ќе се стави и нивниот опстанок. Ова е затоа што, поголемиот број од нив во октомври, ноември и декември немаат доволно работа и ќе треба да ги држат во работен однос вработените кои ќе седат дома“, рече Димитров. 

Имено, од Тектилниот кластер неодамна посочија дека четвртиот пакет на мерки нема да биде корисен за текстилниот сектор.

Бобан Илијевски