- Advertisement -
Правда

Влада: Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19

229views

Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на  2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.

Advertisement

Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот.

Извор: Влада

Advertisement
Advertisement