Германија го освои европскиот врв: Годишно произведува 7,4 милијарди литри пиво
На врвот е Германија, со произведени 7,4 милијарди литри, односно 21,6 отсто од вкупното производство во ЕУ. Следуваат Шпанија со 5,3 милијарди литри (15,5 отсто) и Полска со 3,5 милијарди литри (10,2 отсто).
Во топ пет се и Холандија со 2,4 милијарди литри и Франција со 2,1 милијарди литри.
Интересно е што Шпанија е единствената земја меѓу најголемите производители каде производството пораснало, и тоа за речиси 25 отсто. Евростат забележува дека топлата клима придонесува за поголема популарност на пивото во земјата.
Белгија, која традиционално беше меѓу водечките производители, годинава е на шестото место. Причината е методолошка – Евростат за првпат го вклучува и безалкохолното пиво, а Белгија не доставила податоци за неговото производство.
Од вкупно произведеното пиво во ЕУ, 93,9 отсто содржело повеќе од 0,5 отсто алкохол, додека нискоалкохолното и безалкохолното пиво учествувале со 6,1 отсто.
Во 2025 година, земјите членки на ЕУ произвеле 34,4 милијарди литри пиво, што е пад од 0,7 отсто во однос на 2024 година, но за 2,2 отсто повеќе во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Евростат.