- Advertisement -
Македонија

Владини делегации на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Скопје и на споменикот во негова чест во Струмица положија венци свежо цвеќе

Владини делегации - Работник
233views

Повеќе делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска положија венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 16 годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Advertisement

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменичка министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски и на членови на неговиот кабинет и на екипажот на авионот кој се урна во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.

Advertisement

Сеќавањето на претседателот Трајковски останува силно како прв човек на државата во многу сложени времиња за нашата земја и за граѓаните, и како личност кој имаше непоколеблива визија за нашата земја како членка на НАТО и ЕУ, како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот.

Извор: Влада

Advertisement