ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски зема за 1.100 евра поголема плата, Пендаровски 1.200 евра, а Џафери 1.000 евра
Време за читање помалку од минута
„Владата ги залажува граѓаните со наводни антикризни мерки од 1.000 денари, со кои едвај може да се купат 2 килограми кашкавал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта се однесува безобразно, затоа што додека на народот му фрла трошки, Ковачевски зема за 1.100 евра поголема плата, Пендаровски 1.200 евра, а Џафери 1.000 евра.
Со еден збор кажано, Ковачевски, Пендаровски и Џафери за секој работен ден земаат по 50 евра повеќе плата од до сега.
И сега Ковачевски кој зема илјадници евра годишно, народот го залажува со 1.000 денари, и тоа во време кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија.
Народот не се залажува со 1.000 денари. Народот сака подобар живот. Со Ковачевски и СДС и ДУИ тоа не е можно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Latest posts by Портал Работник (see all)