ЕкономијаСветот на работникот

Без стрес и на далечина, ова занимање е сѐ повеќе барани и носи заработка од 100,000 долари годишно

Кога е во прашање идеалната работа, работниците имаат различни приоритети. Поголемиот дел, 64 % велат дека платата и бенефитите се клучни фактори за тоа дали ќе ја прифатат понудената работа.

Речиси ист процент, 61, велат дека балансот помеѓу работата и приватниот живот и благосостојбата се „многу важни“. Истражувачите забележуваат дека на ова влијаела распространетоста на работата на далечина.

Едно работно место кое може да одговара на многу од критериумите на работниците е актуар. Тие, според податоците на Бирото за статистика на трудот, заработуваат просечна плата од 113,990 долари годишно, а многумина работат хибридно или потполно на далечина.

Актуарите ги проценуваат ризиците од активностите на своите клиенти, често во име на осигурителните компании. Тие користат релевантни податоци за морталитет, несреќите, болестите, инвалидитетот итн., за да изградат модели на веројатност за различни сценарија и да ги советуваат во согласност со тоа.

Работата често изискува факултетска диплома, особено фокусирана на областите како математика или статистика и искуство во улогата.

Актуарите „обично мораат да знаат како да кодираат или да познаваат софтвер“, вели Вики Салеми, експерт за кариера во компанијата Монстер, додавајќи дека исто така им се потребни и меки и комуникациски вештини заради „анализирање и интерпретирање на овие податоци и нивно испорачување“.

Актуарите се експерти кои, на база на мултидисциплинарни познавања, потпирајќи се на теоријата на веројатноста и сложената интересна пресметка, се бават со мерење на ризици и со нивно управување.

Некои компании бараат кандидатите да бидат членови на актуарски групи како што е Друштвото на актуари за случаи на незгоди, кое од членовите бара да положат низа на испити.

Покрај високата плата и флексибилност, ова работа е и доста барана. BLS проектира дека вработеноста на актуарите ќе порасне за 23 % помеѓу 2022 и 2032 година. Тоа е „многу побрзо од просекот“, вели Салеми. Тоа би можело да биде резултат на факторите како што се климатските промени, вели таа. „Можеби би било повеќе потребно да се процени каков би бил ризикот, да речеме од торнадата, поплавите, ураганите итн.“

Ниско ниво на стрес

Уште една предност на работата: Тука е релативно нискиот стрес. Мрежата за информации на Министерството за труд рангирала 873 занимања на основа на толеранција на стрес, односно дали работата „изискува прифаќање на критики и мирно и ефикасно соочување со ситуации со висок стрес“. Рангирањето се заснова на скала од 0, или најмалку стресно, до 100, или најмногу стресно.

Како што пренесува CNBC, актуарите имаат оценка за стрес 57. Салеми ги наведува факторите како 40-часновната работна недела и релативната стабилност како причина за ниското ниво на стрес.

Извор: BIZLife

Фото: Freepik