КСС одржа состанок со пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ за усогласување на платите
По известувањето на КСС до сите парламентарни партии за интервенирање во буџетот за усогласување на платите во 2024 година денес имавме состанок со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ поточно со пратениците Бојан Стојановски, Дафина Стојаноска и Љупчо Пренџов кои се дел од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, кои единствено до сега ги имаат разбрано барањата на синдикатот во делот на почитувањето на законите и колективните договори. Беше разговарано за заедничка интервенција со амандмани со што работниците во Македонија нема да бидат заборавени и ќе го добијат она што им следува. Со ова ги повикуваме и другите политички партии да се одважат и во рамките на нивните ингеренции во законодавниот дом да ги исполнат нашите барања и испочитуваат законските прописи и колективните договори за правата на работниците кои што им следуваат.

