ВМРО ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се гол популизам, над 100.000 луѓе останале без работа
Желбата за собирање на политички поени на СДСМ, без издржани мерки, туку со гол популизам, ја донесе државата во ситуација за еден месец пандемија да има над 100.000 привремено отпуштени работници, пишуваат од ВМРО ДПМНЕ во соопштението.
-Квази мерките на власта ги принудија угостителите да одјават над 50% од нивните вработени, истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, Нина Ангеловска ја разобличи лагата на Заев и кажа дека најавените 14.500 денаро за фирмите се всушност 9.000 денари.
-За така скроената мерка за која не можат да се договорат колкав износ ќе има аплицирале стотина фирми. Ова не е помош за економијата, ова е потценување!
Порачуваат СДСМ да ја тргне суетата и надменоста и доколку навистина сака да и помогне на државата да ги примени мерките за економијата кои веќе ги предложивме.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024