- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ВМРО – ДПМНЕ: Со „реформите“ на Заев Македонија стана држава полоша за живот и од Сомалија

Поради власта на Заев имаме најниско - Работник
95views

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Тешко на Македонија ако дојде време сега СДСМ и Заев да ги бранат националните интереси, кога продадоа се.

Advertisement

СДСМ и Зоран Заев единствено ги бранат бугарските интереси.

Зоран Заев чим зине, веднаш ќе излаже

Advertisement

Заев ветуваше нови инвестиции во Македонија, економски бум. Но за овие неколку години не дојдоа ниту „Гугл“, ниту „Фејсбук“.

Со „успешните“ економски политики на Заев Македонија е во рецесија и има над 50.000 невработени граѓани. Поради „успешните“ реформи граѓаните во Република Македонија живеат дневно со едвај 130 денари.

Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од Фридом хаус и меѓу најсиромашни држави на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ.

Македонија е  најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата Галуп.

Заев на голема врата ветуваше дека кога ќе дојде на власт и чистиот воздух ќе се врати во Македонија. Еве неколку години е на власт, но граѓаните дишат отров, а земјата се наоѓа меѓу најзагадените во светот.

Поради лагите на Заев, Македонија е меѓу првите држави во свет по смртност од КОВИД-19.

Заев ветуваше дека Македонија до крај на јануари ќе добие вакцини, но вакцини ги нема никаде, а уште пострашно е што нема ниту план за вакцинација против КОВИД-19.

Што се однесува за пописот каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт криминалот ќе го снема, но откако е премиер криминалот царува на секои чекор од државата.

 

Advertisement