Газдите со финансиски тешкотии да исплаќаат фиксен износ на К-15?
„Се соочуваме со финансиски тешкотии, па нема да можеме да ви ја исплатиме целосната сума на К-15“, гласи реченицата која ја слушаат дел од вработените во приватниот сектор, чии работодавачи под плаштот на загубата на профит им исплаќаат ситни суми (некаде 1 денар, некаде 1,500 денари).
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ и „Гласен синдикат“, со години вели дека Спогодбата којашто ја имаат потпишано синдикатите и работодавачите за исплата на регрес за годишен одмор (К-15) им овозможува на газдите да прават вакви манипулации. Во неа никаде не е дефинирано колкава сума би требало да исплатат работодавачите кои се соочуваат со финансиски тешкотии.
Работодавачите велат дека кога со синдикатите се договарале за начинот на исплата на К-15, се надевале дека, во случај одредени компании да се соочувале со финансиски тешкотии, ќе ги натерале работодавачите и работниците да седнат на маса и да водат социјален дијалог.
Во пракса се покажа дека тоа не се случи. Затоа треба повторно да преговараме и да изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, но и применливо во пракса“, вели Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.
Го прашавме и дали би им одговарало да се воспостави фиксен износ кој работодавачите кои се соочуваат со финансиски тешкотии би требало да го исплаќаат, на што тој одговори дека тоа е една од можностите.
Во секој случај, решението треба да биде едноставно и применливо за да немаме проблем во имплементацијата, додаде Димитров.
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025