- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Во Албанија почна вакцинацијата на новинарите, утре на полициските службеници

Вакцинација - Работник
345views

Во Албанија попладнево почна вакцинацијата на новинарите и другите медиумски работници, како категорија која се наоѓа во најголема опасност од Ковид-19.

Вакцинацијата се одвива врз основа на списоците доставени од редакциите, а продолжува секој ден по 15 часот.

– Попладнево почнавме со вакцинација на медиумските работници а од утре и со припадниците на полицијата. До сега имунизиран е целокупниот здравствен кадар и просветните работници, при кај е кај вработените во градинките а продолжуваме и со повозрасната популација од 70-годишна возраст, рече министерката за здравство Огерта Манастириу, која одблиску го следеше почетокот на вакцинацијата на новинарите.

Како последица од Ковид-19 во Албанија починаа седум новинари.

Новинарката на Топ чанел Герта Попа вакцината ја прими во вести во живо.

Во студиото беше и Силва Бино, една од најпознатите албански епидемиолози и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата кажа дека вакцината е безбедна и оти е можно да се појават лесни нуспојави кои брзо минуваат.

– Процесот на вакцинација се одвива без никаков проблем. До сега имунизирани се околу 170.000 лица. Дневно вакцинираме по19 илјади што е многу повеќе зашто планираме дневно по 10 илјади. Се оди според планот според приоритет. Не сме регистрирале несакани последици кај веќе вакцинираните, рече Бино.

Премиер Еди Рама денеска објави на Фејсбук дека уште 23.000 дози вакцина Фајзер ќе пристигнат во земјата овој месец. Најави дека го јуни ќе бидат вакцинирани и туристичките работници и нагласи дека како што напредува вакцинацијата, така ќе се олеснува и туристичката сезона во Албанија.