Тешко повреден работник во фабрика во Росоман
Работник од Росоман се здобил со тешка повредна на работното место во фабрика.
– На 31.03.2026 во 19:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен М.К.(51) од село Сирково, општина Росоман. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Росоман, информираа од полицијата.
За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

