УВИД ВО ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА НА ШАХТЕРМ – производството треба да почне на крајот од годината
Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство.
За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети.
Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите.
Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата.
Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на Шахтерм е вредна 100 милиони евра и опфаќа објект од над 13.000 квадратни метри, при што се очекува отворање на 1.000 нови работни места.

