Светот на работникот

Кога вештачката интелигенција дојде по програмерите

На први март добив плата за работното место програмер, а претходниот месец не напишав ниту една линија код. Мојата работа ја заврши вештачката интелигенција (ВИ).

Програмер сум во хај тек индустријата и ВИ ја познавам многу пред да стане тема на разговор во кафулињата. Кога светот ја откри вештачката интелигенција, ние веќе ја користевме, знаевме што може. Па сепак нè изненади тоа што следуваше.

На триесетти ноември 2022. (датум што ќе го учат идните студенти по историја) беше објавен ChatGPT 3.5 и сè се промени. Дотогаш моделите беа специјализирани. Работеа работи за кои беа научени: препознај образец, направи предикција, класифицирај податоци. ChatGPT беше поинаков зашто беше општ модел.

Разбираше различни домени, можеше да разговара, да пишува и да анализира. Првите месеци халуцинираше и поради тоа беше предмет на потсмев, но брзината на напредокот брзо ги прегази почетните проблеми. Три и пол месеци подоцна беше објавена верзијата 4.0 и ВИ стана и сериозно употреблива.

Ние програмерите веднаш го прифативме. Додека светот бараше намени за новата алатка, во светот на програмирањето, кој е составен од прецизна синтакса и јасно дефинирани правила, ВИ беше подобрена – халуцинациите ретки, а резултатите употребливи. Па, иако добивме квалитетен извор на знаење и алатка што помага во размислувањето, во суштина и понатаму го работевме истото што и порано.

А потоа, кон крајот на 2025., се случи нова промена: се појавија агентите за кодирање. Разликата беше огромна. ChatGPT беше соговорник. Агентот е нешто друго – интегриран во развојното опкружување, тој ја работи работата. Упатствата повеќе не се: Кажи ми како, туку: Направи го тоа. Резултатот од работата на агентот е готов код. Повеќе од тоа, агентите можат да се поврзуваат еден со друг. На друг агент може да му се даде упатство: провери ја работата на првиот агент и ако најдеш проблеми, покажи му што треба да поправи, а ако ги нема – испрати мејл до шефот дека задачата е завршена.

Повеќе тука