- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Во градинки во Скопје и Битола две воспитувачки со корона вирус, децата во изолација

466views

Само три дена по отворањето на градинките, пријавени се двајца вработени заразени со вирусот Ковид 19. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во првиот случај станува збор за вработена во градинката „Мајски Цвет“ во Битола. Според оценките на Комисијата за инфективни болести, пет деца од групата кои биле под грижа на заразената се веќе во домашна изолација и таму ќе останат до 23 септември. Петмина вработени се исто така во домашна изолација до следниов четврток. Комисијата за инфективни болести оцени дека нема ризик за другите групи во установата и таа може да продолжи да прифаќа деца. Во меѓувреме, се преземаат мерки за дезинфекција на просториите на градинката.

Во вториот случај станува збор за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје, но таа од 9 септември не одела на работното место и немала контакт со деца. Според препораката на епидемиолозите, доколку до понеделник ниту еден вработен не покаже симптоми, градинката ќе продолжи да работи. Според министерството, овој објект често се дезинфицира.

Advertisement

Позитивна на вирусот била и вработена во градинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе, но таа воопшто немала почнато да работи. Директорката на градинката чека епидемиолозите да ја проценат целокупната епидемиолошка слика пред да се почне со прием на децата.

Извор: АлсатМ 

Advertisement
Advertisement

Advertisement