Во кои случаи давањето на отказ е од неосовна причина?

Рубрика трудово и социјално право
ТЕМА: Нешто повеќе за неоснованите причини за отказ
Законот за работни односи ги предвидува начините на кои може да се прекине договорот за вработување помеѓу работодавачот и работникот. Во таа смисла работодавачот има одредена слобода да го откаже договорот за вработување на оној работникот кој не ги извршува работните задачи соодветно. Меѓутоа работодавачот мора да има основана причина за откажување на договорот за вработување.
Во спротивно, Законот за работни односи ги предвидува и неоснованите причини за откажување на договорот за вработување меѓу кои на прво место е и членството на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор. Познато е дека многу често одредени работодавачи ги отпуштаат своите вработените по друг основ, додека вистинската причина за отказот е нивната синдикалната активност, ваквото постапување е несоодветно и незаконски.
Работодавачот не би смеел да го откаже договорот за вработување на работник кој има поднесено тужба или учествува во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи. За неоснована причина за отказ се смета и одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатеното родителско отсуство, како и користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор. Секако доколку работникот има склучено договор на определено време и истиот истекува за време на боледување или отсуство, не може да се смета како неосновна причина за отказ.
Проф. д-р Лазар Јовевски