ЕкономијаМакедонијаНовости

Во ноември лани издадени 208 одобренија за градење

Во ноември лани издадени - Работник
45views

Во ноември лани се издадени 208 одобренија за градење, што е за 14,4 проценти помалку во однос на  ноември претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53,9  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,6  проценти) за објекти од нискоградба и 76 (36,5  проценти) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 302 станови, со вкупна корисна површина од 26.479 метри квадратни. Најмногу одобренија за градба има во Скопскиот регион, 45. Во скопските општини ќе се градат 91 стан, од кои во Карпош и во Центар по 34. По Скопскиот по број на одобренија следат Североисточниот и Југозападниот регион со по 50 односно 47. Најмалку одобренија, 11, се издадени во Пелагонискиот регион

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 921 700 00 денари, што е за 22,2  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Кај 109 (52,4 проценти) од планираните објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 99 (47,6  проценти  инвеститори се деловни субјекти.

Според податоците на ДЗС во јануари лани биле издадени 264 одобренија за градење, за 14 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, а во февруари 248 одобренија или за 62,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во март, април и мај 2020 споредено со истите месеци од 2019 се издадени помалку одобренија за 20,9 проценти, 27,9 проценти и 27,5 проценти. Веќе во јуни има подобрување и тогаш надлежните издале 273 дозволи за градење, 35,1 проценти повеќе споредено со јуни 2019, за во јули да бидат на исто ниво како во претходната година. Во август биле издадени за 12,4 проценти помалку, во септември за 15,9 проценти повеќе, а во октомври повторно за 12,3  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Advertisement