Во охридската болница се затвори и детското одделение – нема кадар
Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема.
Изјава Орхан Зекир-педијатар: Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа стварно е неиздржливо.Ќе мораме додека се најде некое решение да ја прекинеме работата како одделение со болнички пациенти.
Иако ние долго време баравме,15 години не е пуштен доктор да специјализира педијатрија-едноставно не наидовме на разбирање вели доктор Зекир,кој како што рече се’ поизвесно е дека од фебруари ќе остане единственот педијатар во болницата.
Повеќе на Алфа

