- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Во полицијата пријавен случај за тешко повреден работник

Во полицијата - Работник
214views

Педесет и седум годишен работник од скопско Стајковци се здобил со тешки телесни повреди, според неговото кажување, при извршување работни задачи во фирма на ул. „Перо Наков“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

-Во СВР Скопје вчера во девет часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Б.С.(57) од с.Стајковци, скопско, според чие кажување околу 08.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Перо Наков“, каде бил вработен, се лизнал и паднал. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во дневниот Билтен на МВР.

Advertisement
 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор

Advertisement

Advertisement
Advertisement