СветСветот на работникот

Во Србија дневница и до 50 евра

   Време за читање 1 минута

Дневницата во Србија летово е до 6.000 динари (околу 50 евра) плус храна, пијалоци, превоз или сместување доколку на работникот му треба. Почетокот на летото носи многу огласи за сезонски вработувања, особено во овоштарството, каде се бараат берачи на вишни, цреши, малини, капини, јаболки, сливи, грозје.

Платата на работникот зависи од договорот со газдата. Повеќето од нив наплаќаат дневница, но има и такви кои работат по час или по учинок. Заедно со парите се подразбира дека сопственикот обезбедува и оброк. Иако заработката на сезонските работници скока од година во година, има се помалку луѓе кои сакаат да се занимаваат со овие работи.

– Дневниците за берење малини се движат од 4.000 до 6.000 динари плус сместување и храна. Тоа е работа од осум до десет часа, и иако има паузи кога берачите не берат на најсилното пладневно сонце, тоа е напорна работа. На второ место меѓу попрофитабилните сезонски работи во Србија е угостителството, кога се зголемува бројот на туристи во текот на летото велат газдите, а пренесуваат српските медиуми.