- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

ВО ТЕК Е ВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НИШ

ВО ТЕК Е ВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - Работник
224views

Во тек е вакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Северна Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум ја реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат, да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата.

Благодарност до Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на граничниот премин Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата.

На граничниот премин Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои.

Од отворањето на пунктовите за вакцинирање, до 11:00 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица.