ПравдаСветот на работникот

Во тек е работилница за подобрување на работните услови и безбедност и здравје при работа

Во рамки на проектот: „Подобрување на работните услови и безбедност и здравје при работа како подршка на земјите од Западен Балкан на патот на пристапување кон Европската Унија“, во тек е одржување на работилница на членовите на Советот за БЗР.

Врз основа на проценка на капацитетот на Советот за БЗР и во соработка со организациите и институциите кои се членови на ова советодавно тело од областа на БЗР, темата на оваа работилница е карактеристики и улога на Советот за БЗР на национално ниво.

Преку Годишно планирање на работата на Советот за БЗР, со планирање, организација на работата и ефикасна комуникација, ќе се дефинира мисијата и визијата на Советот за БЗР, социјалниот дијалог и партиципирање во носење одлуки во сфера на безбедноста и здравјето при работа, како и застапување и лобирање на јавни политики