- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникот

Во тек се обуките на наставниците за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава

188views

Министерството за образование и наука, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование ги спроведува обуките на наставниците коишто ќе бидат училишни обучувачи за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава. Обуката ќе трае од денес до сабота и со неа се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.

Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. Мастер тренерите претходно ги поминаа потребните обуки за да може да го пренесуваат знаењето и вештините за платформата.

Advertisement

Пред официјалното пуштање на платформата во употреба на први октомври годинава ќе претходат низа тестирања.

Advertisement

Advertisement
Advertisement