- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Во јануари имало 28.102 туристи, за 49,2 отсто помалку од лани

Повеќе од половина од младите - Работник
181views

Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 процента, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто. Бројот на домашните туристи бележи пад од 12,1 отсто, а на странските туристи од 69,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари годинава изнесува 28.102, а бројот на ноќевањата 65.031.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 е намален за 15,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 60,2 отсто.