ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Во 2020, во споредба со 2016 година најголем раст на вработени има во преработувачката индустрија

   Време за читање 2 минути

Согласно податоците од Анкетата за работна сила кои ги објави Државниот завод за статистика, најмногу вработени во компании од приватна сопственост има во преработувачката индустрија -156,944 вработени. На второ место е дејноста трговија на мало и трговија на големо, поправка на моторни возила каде што според податоците на ДЗС има 116, 970 вработени. Овие две дејности според податоците имаат најголем број на вработени.

Потоа следуваат, дејноста шумарство, земјоделство и риболовство со 91,222 вработени; градежништво – 52,361 вработени; транспорт и скалидирање – 35,667; објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 32,575 вработени.

Кога ќе се направи споредба со Анкетата за работна сила од 2016 година, во преработувачката индустрија каде бројот на вработени изнесувал 136,376 вработени, во 2020 година има раст на вработените од 20,568 вработени. Во трговијата на мало и трговијата на големо, поправка на моторни возила имало 104,497, со што бројот на вработени во оваа дејност е зголемен за 12,473 вработени. Во дејноста шумарство земјоделство и риболовство имало 116,770 вработени во 2016, со што бројот на вработени е намален за 25,548 вработени. Во градежништвото бројот на вработени во 2020 година, во однос на 2016 година кога имало 50,542 вработени, е зголемен за над 2,000 вработени. Дејноста транспорт и скалидирање во 2016 година имала 29,060 вработени, со што бројот на вработени во 2020 година е зголемен за над 6,000 вработени, додека во дејноста објекти за смесутвање и сервисни дејност со храна во 2016 година имало 24,526 вработени во 2016 година, со што бројот на вработени во оваа дејност е зголемен над 8,000 вработени.

Во следните табели можете да дознаете која дејност колку вработени има во 2020 и колку имала во 2016 година, во комапнии во приватна сопственост:

2020

Извор: ДЗС

2016

Извор: ДЗС

Бобан Илијевски