НовостиПравдаСветот на работникот

Вработените во петте државни универзитети денеска излегоа на протест

   Време за читање 2 минути

Вработените во Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, денеска ќе штрајкуваат половина час пред Рекtoратот, незадоволни од непотпишувањето на колективниот договор од страна на основачот, како и против двојните стандарди, дискриминацијата и нееднаквоста на јавните универзитети во зголемување на платите.

Штрајк најавија синдикатите на петте јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите каде ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори.

Петте државни универзитети реагираа и пред шест дена на дискриминацијата што им ја направија Собранието и Владата, во врска со колективниот договор, според кој платата се зголемува за 22 отсто само за јавниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а не и за другите јавни универзитети во земјава.

Велат дека имаат реакција на вработените и членовите на Синдикатите на нивните Универзитети настаната со непотпишувањето на Колективните договори.

Имено, иницијативата за потпишување на Колективните договори е започната, односно Предлог-текстот на Колективните договори од сите јавни универзитети се доставени до Собранието на Република Северна Македонија многу пред распишување на парламентарните и претседателските избори, па сметаме дека неоправдано и не по наша вина не се истите потпишани со основачот Собранието на Република Северна Македонија“, велат претставниците од петте универзитети.

Бараа најдоцна до 8 март година да се заврши постапката и да се пристапи кон потпишување на Колективен договор со секој универзитет поединечно.

Денеска синдикалците од Универзитетот „Гоце Делчев“ информираа дека нивните активности безрезервно ги поддржал и Сенатот на УГД кој на ден 29.02.2024 година донел едногласна одлука.

„Се известуваат членовите на Синдикатот на УГД како и сите останати вработени на УГД-Штип, дека на ден 04.03.2024 (понеделник) со почеток во 13.00 часот ќе се одржи Јавен протест во траење од 30 минути заради искажување незадоволство поради непотпишување на Колективниот договор од страна на основачот, како и против двојните стандарди, дискриминацијата и нееднаквоста на Јавните универзитети во зголемување на платите“, пишува во соопштението.

Тие повикаа на масовност, солидарност и единство со цел да успеат во нивната заедничка мисија и цел.

Мотото на протестот е: „Ако бидеме сложни резултатите се можни!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *