- Advertisement -
НовостиСветот на работникот

Вработените на Комерцијална банка хумани по повод Светскиот ден на гладта

Вработените на Комерцијална банка - Работник
760views

Грижата за социјално ранливите групи граѓани е во фокусот на општествено одговорните практики на Комерцијална банка. Но, Банката се гордее и со хуманоста на своите вработени, кои со години несебично донираат средства за набавка на храна за гладните сограѓани.

По повод Денот на гладта – 16 октомври, вработените и менаџментот на Комерцијална банка оваа година со донираните средства обезбедија 33 пакети прехранбени производи, кои беа предадени на Црвениот крст на Општина Центар. Оттаму треба да стигнат до семејствата и поединците на кои им се неопходни.

Свеста за потребата од поголема грижа за квалитетот на животот на сите граѓани во земјава е клучна за заеднички да оствариме напредок. Ние продолжуваме со хуманоста и со добрите дела.